Сообраќајна несреќа во која, според првичните информации, учествувале четири возила утрово предизвика сериозни застои на патниот правец Гостивар – Стража.
Несреќата се случила по излезот од Гостивар, во правец кон Стража, во близина на првиот каменолом. Во судирот учествувал и товарен камион натоварен со дрва.
Поради несреќата, на делницата се формирале долги колони, а возилата што се движат кон Маврово на повеќе места стојат или се движат со значително намалена брзина.
Во моментов нема официјални информации дали има повредени лица, ниту се познати причините за несреќата.
Се очекува Министерството за внатрешни работи да соопшти повеќе детали за околностите под кои се случил судирот, како и за состојбата на учесниците во несреќата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
