Утрово во скопската населба Кисела Вода, кај местото познато како „Рампа“, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко и товарно возило.
Според првичните информации, дошло до судир меѓу автомобил и камион, по што двете возила останале на коловозот и предизвикале привремен застој во сообраќајот на овој фреквентен патен правец.
Засега нема информации за повредени лица, ниту за причините што довеле до несреќата.
Надлежните служби извршиле увид на местото на настанот и работат на утврдување на околностите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
