Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со појава на мала до умерена локална облачност во текот на денот.
Во попладневните часови, на повеќе места ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално не се исклучува можноста за поинтензивни временски процеси.
Утринските температури ќе се движат од 13 до 20 степени Целзиусови, додека дневната температура ќе достигне од 31 до 37 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во делови од Скопската Котлина постои можност за пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура во главниот град ќе биде 19 степени, а максималната ќе достигне до 37 степени.
