Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови во планинските предели се очекува зголемување на облачноста, при што локално ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од 12 до 20 степени Целзиусови, додека дневните ќе достигнат од 30 до 38 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе изнесува 17 степени, а максималната ќе достигне до 37 степени.
Според најавите на метеоролозите, од четврток следува период на претежно стабилно и многу топло време. Во сабота локално се очекува развој на нестабилност со засилен ветер, пороен дожд и грмежи.
Во текот на викендот повторно се очекува силен топлотен бран, а на места дневните температури ќе надминат 40 степени Целзиусови.
