Денеска не очекува сончево и релативно топло време, иако утрото ќе биде ведро и студено. Во текот на денот ќе има мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималните температури ќе се движат од -3 до 8 степени, додека дневните ќе достигнат од 22 до 28 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и релативно топло, со мала облачност и слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 2 степени, а максималната дневна ќе достигне 26 степени.
Според прогнозата на метеоролозите, во четврток повторно ќе преовладува сончево време, но утрото ќе биде постудено.
Позначителна промена на временските услови се очекува од петок, кога ќе има зголемена облачност и повремени врнежи од дожд. На места дождот ќе биде пообилен, а локално се можни и поројни врнежи проследени со ретки грмежи.
Променливо облачно време со повремени врнежи ќе продолжи и во текот на викендот, додека утринските температури постепено ќе бидат во пораст.
