Времето денеска ќе биде претежно сончево и релативно топло, додека утринските часови ќе бидат ведри и студени. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од -3 до 6 степени, а максималната дневна ќе достигне од 22 до 29 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со слаб ветер од јужен правец. Температурата наутро ќе се спушти до околу 3 степени, додека преку ден ќе достигне до 27 степени.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), стабилното и релативно топло време ќе се задржи и во следните неколку дена. До среда утрата ќе останат ведри и студени, а деновите претежно сончеви.
Од четврток се очекува постепено зголемување на облачноста, како и повисоки утрински температури. Во петок ќе има услови за локален дожд.
