Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Магазин»Занимливости»Сонцето како „осумка“ над Скопје: Едногодишен проект на Боби Кузманоски во импресивна аналема
    Занимливости

    Сонцето како „осумка“ над Скопје: Едногодишен проект на Боби Кузманоски во импресивна аналема

    16/04/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Македонскиот фотограф Боби Кузманоски по една година посветена работа успеа да создаде редок визуелен запис – сончева аналема над Скопје, феномен што ретко се документира на локално ниво.

    Станува збор за астрономска појава при која Сонцето, фотографирано во исто време од иста позиција во текот на цела година, формира крива во облик на бројот осум. Кузманоски ја реализирал својата идеја со препознатливата панорама на главниот град како позадина, создавајќи уникатна композиција што ги спојува урбаниот пејзаж и движењето на небесното тело.

    Проектот се одвивал од покривот на неговата зграда, најчесто за време на викендите, со строго дефиниран термин за фотографирање. Иако првично планираното време било 14:30 часот, поради технички околности тоа било поместено на 14:50 – и токму тој термин останал константен во текот на целата година.

    Временските услови не секогаш биле идеални, но процесот не бил прекинат. Дури и при магла или делумна облачност, фотографирањето продолжувало, бидејќи, како што посочува авторот, најважна била точната позиција на Сонцето, а не совршениот кадар. Само во неколку наврати густата облачност целосно го спречила снимањето.

    Дополнителен предизвик било и прилагодувањето на летното и зимското сметање на времето. За да остане доследен на реалната позиција на Сонцето, Кузманоски го менувал терминот на фотографирање, следејќи го движењето на небесното тело, а не часовникот.

    Финалната фотографија, создадена по 365 дена, прикажува впечатлива „осумка“ на небото над Скопје – патека што се движи од високите летни позиции до ниските зимски траектории, визуелно обединувајќи го градот со космичките ритми.

    https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10164698568536600&set=a.170063811599&type=3&ref=embed_post

    Поврзани вести:

    Дали големината на носот открива нешто повеќе за надареноста: Научниците имаат став

    Дали големината на носот открива нешто повеќе за надареноста: Научниците имаат став

    Дали е здраво да се спие со градник? Експертите го откриваат одговорот

    Дали е здраво да се спие со градник? Експертите го откриваат одговорот

    Настинка или грип? Еве како да ги препознаете симптомите и кога е неопходно да посетите лекар

    Настинка или грип? Еве како да ги препознаете симптомите и кога е неопходно да посетите лекар

    Ја прочита пораката, но не одговара? Еве што навистина може да значи „seen“

    Ја прочита пораката, но не одговара? Еве што навистина може да значи „seen“

    ЕУ со нови правила за авионски патници: Надомест до 600 евра и повеќе права

    ЕУ со нови правила за авионски патници: Надомест до 600 евра и повеќе права

    Жена од Флорида уапсена откако четбот означил порака како можна закана

    Жена од Флорида уапсена откако четбот означил порака како можна закана

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    астрономија Боби Кузманоски визуелен запис водно македонски фотограф Милениумски крст небо панорама природа проект скопје сонце сончева аналема уметност урбан пејзаж фотографија
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Дали големината на носот открива нешто повеќе за надареноста: Научниците имаат став

    07/11/2026

    Дали е здраво да се спие со градник? Експертите го откриваат одговорот

    05/11/2026

    Настинка или грип? Еве како да ги препознаете симптомите и кога е неопходно да посетите лекар

    01/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.