Градското собрание на главниот град на Хрватска усвои резолуција со која го повикува градоначалникот да преземе мерки за спречување на употребата на фашистички и усташки симболи, слогани и пароли, вклучувајќи го и „За дом спремни”, на сите јавни површини и настани кои се под надлежност на градот. Градските советниците со ова сакаат да се заштити јавниот простор од пораки што поттикнуваат омраза и насилство.
Градоначалникот на Загреб изјави дека употребата на усташки симболи во градските простории ќе биде забранета, но дека концертот на Марко Перковиќ Томпсон, познат по промовирањето на усташите во своите песни, сепак ќе се одржи на 27 декември, бидејќи претходно е потпишан договор.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

