Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Со торта и свеченост, ДУИ го прослави 24-от роденден
    Политика

    Со торта и свеченост, ДУИ го прослави 24-от роденден

    06/06/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Демократска унија за интеграција вчера во Градскиот парк во Скопје одбележа 24 години од своето основање. На свеченоста присуствуваа голем број членови, симпатизери и поддржувачи на партијата, како и партиски функционери и поранешни носители на високи државни функции.

    Меѓу присутните беа лидерот на ДУИ, Али Ахмети, поранешниот премиер Талат Џафери, поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи, како и поранешниот министер за образование Арбер Адеми.

    Во своето обраќање, Ахмети истакна дека ДУИ во изминатите 24 години изградила силна организациска структура и, според него, останала доследна на своите програмски определби.

    Тој порача дека партијата продолжува да се залага за еднаквост, демократија и евроинтеграции, нагласувајќи дека од минимална застапеност во институциите успеала значително да го зголеми своето политичко влијание.

    Ахмети упати и повик до албанските политички партии за постигнување договор според кој победникот во албанскиот политички блок би ги претставувал Албанците во извршната власт.

    Лидерот на ДУИ оцени дека дел од најзначајните политички процеси и достигнувања во државата се поврзани со ангажманот на партијата и изрази уверување дека актуелните предизвици можат да бидат надминати преку единство и заедничко дејствување.

    Во рамки на прославата беше пресечена и роденденска торта со логото на партијата и бројот 24, придружена со пораката „24 години достоинство“.

    Поврзани вести:

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    16/10/2026

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.