Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    E-Market
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Дали сте слушнале
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Со новите 40 камиони за „Комунална хигиена“ ќе се подобри состојбата со хигиената во Скопје, кажа Мицкоски
    Скопје

    Со новите 40 камиони за „Комунална хигиена“ ќе се подобри состојбата со хигиената во Скопје, кажа Мицкоски

    01/02/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

    Тој истакна дека со оваа набавка ќе се реши еден од најголемите долгогодишни проблеми во работењето на претпријатието – застарената неодржувана и истрошена механизација, која сериозно го отежнувала одржувањето на јавната хигиена во главниот град. Според Мицкоски, состојбата дополнително била усложнета и со превработеност, како и со недоволна ефикасност на дел од вработените.

    – Со овие 40 камиони, сигурен сум дека многу ќе се подобри состојбата со хигиената во Скопје. Како што најавивме и во кампањата, и како што најави и самиот градоначалник, хигиената ни е прв приоритет и во таа насока се движи овој процес, рече Мицкоски.

    Тој најави дека процесот на набавка се очекува да биде заокружен до доцна пролет, а испораката на возилата да почне до крајот на годината. Според премиерот, новата механизација ќе овозможи поефикасна работа на Комунална хигиена и видливо подобрување на чистотата во градот.

    – Сепак 40 камиони за одведување смет се огромна работа. Не така одамна имавме во Битола презентација на еден друг проект кој исто така меѓународни финансиски институции го поддржуваат, има и грант компонента, а тоа е регионалната депонија во Новаци. Дел од тој проект е и набавка на камиони за одведување на смет на општините од Југозападниот и од Пелагонискиот регион. Се што било закочено, не било сработено и не се работело, украдено, уништено, се трудиме да го оживееме и да го вратиме повторно во функција. Не може преку ноќ. Да бидеме трпеливи, рече премиерот Мицкоски.

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

    Поврзани вести:

    Почнаа градежните активности на Булевар „Македонија“, ќе се реализираат во четири фази

    Почнаа градежните активности на Булевар „Македонија“, ќе се реализираат во четири фази

    Мицкоски и Ѓорѓиевски на стартот на изградбата на Булевар Македонија

    Мицкоски и Ѓорѓиевски на стартот на изградбата на Булевар Македонија

    Од денеска официјално стартува системот „Безбеден град“

    Од денеска официјално стартува системот „Безбеден град“

    Голема акција за чистење и уредување на Клиничкиот центар во Скопје

    Голема акција за чистење и уредување на Клиничкиот центар во Скопје

    Екоактивисти и граѓани протестираа против загадувањето од Усје

    Екоактивисти и граѓани протестираа против загадувањето од Усје

    Ветените базени низ Скопје ќе се градат ли некогаш или скопјани во Вардар да пливаат?

    Ветените базени низ Скопје ќе се градат ли некогаш или скопјани во Вардар да пливаат?

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Почнаа градежните активности на Булевар „Македонија“, ќе се реализираат во четири фази

    01/02/2026

    Мицкоски и Ѓорѓиевски на стартот на изградбата на Булевар Македонија

    01/02/2026

    Од денеска официјално стартува системот „Безбеден град“

    01/02/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Jumbo Маркети

      Jumbo Маркети
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.