Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Дали сте слушнале
    • Интервју
      • Директно со
    Прва Скопска ТВ
    Home » Со 65 гласа „ЗА“, Собранието го изгласа ребалансот на буџетот
    Економија

    Со 65 гласа „ЗА“, Собранието го изгласа ребалансот на буџетот

    22/07/20255 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Собранието попладнево со 65 гласа „за“ и 14 гласа „против“ го донесе Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2025 година.

    Во текот на расправата, власта и опозицијата со спротиставени мислења за овој стратешки економски документ.

    Ставот на владејачкото мнозинство е дека дополнетиот ребаланс на Буџетот ќе обезбеди економски раст и дека се работи за буџет во кој има повеќе средства за пензионерите, за младите и за реализација на големи капитални проекти во општините. Истакнаа дека се реализирани сите крупни ветувања и посочија дека се зголемени пензиите, платите во образованието, здравството, полицијата и администрацијата, дека има најдобар реализиран откуп на земјоделски производи и завршени инфраструктурни проекти.

    Опозицијата со забелешка за неприсуството на министерката за финансии во попладневниот дел од расправата што според нив укажува на несериозноста на Владата кон овој стратешки документ. За опозицијата, дополнетиот ребаланс е буџет кој се фокусира на краткорочни мерки, во кој не се испочитувани основните фискални правила и кој е скроен за поткуп на изборите во октомври.

    Според Фатмир Битиќи од СДСМ, ребалансот не е развоен и не е социјално одговорен, туку е буџет за селективна поддршка со краткорочни политички пресметки, скроен како предизборен поткуп за изборите во октомври.

    Осврнувајќи се на буџетскиот дефицит, Битиќи рече дека буџетскиот дефицит останува на 41,3 милијарди денари или 4 проценти од БДП и дека тоа е над законски дозволената граница од 3 проценти или максимум 3,5 проценти во исклучителни услови како што се некоја катастрофа или глобален шок.

    – Денес немаме никаков глобален шок, ниту криза, туку имаме криза во планирањето, криза во отченоста, криза во вредносниот систем низ кој се креираат економските политики во држава, рече Битиќи.

    Посочи дека буџетскиот дефицит е повеќе од двојно зголемен од крајот на април до средината на јули што, според него, е јасен показател дека фискалната контрола е изгубена, а јавната потрошувачка расте непродуктивно.

    Битиќи истакна дека со ребалансот се зголемува и домашното и надворешното задолжување со што се создава товар за идните генерации, посочувајќи дека со ребалансот домашниот долг се зголемува за 3,15 милијарди денари, а надворешниот за 1,38 милијарди и дека е најавено ново задолжување од 500 милиони евра до крајот на годината.

    – Според проценките на Фискалниот совет, јавниот долг ќе достигне 62,1 проценти од БДП – над дозволената граница. Дополнително, Фискалниот совет идентификува над 700 милиони евра доспеани, но неисплатени обврски – скриени долгови, што не се евидентирани во дефицитот, но реално го притискаат буџетот и ја подриваат транспарентноста, рече Битиќи, прашувајќи дали овие обврски се пресметани во ребалансот.

    Посочи дека зголемени се трошоците за стоки и услуги и дека дуплирана е ставката за набавка на автомобили, а за ЕКСПО 2027 што ќе се одржува во Србија, Владата ќе потроши 1,8 милиони евра за штанд од 134 метри квадратни, односно 5.550 евра по метар квадратен.

    Во однос на Законот за линеарно зголемување на пензиите, Битиќи рече дека со ваквото законско решение 92 проценти од пензионерите ќе добијат помалку отколку што би добиле со постојниот модел, а само 22.000, од над 330.000 пензионери ќе добијат 100 денари повеќе.

    Пратеникот Халил Снопче се осврна на зголемувањето на цените на основните прехранбени производи посочувајќи дека 25 проценти од населението живее во сиромаштија, а цените во државата се повисоки од државите во регионот и од европските држави.

    – Ребалансот не предвидува ништо конкретно за подобрување на овие параметри и ја става во опасност фискалната реализација. Нема реална преспектива за економско подобрување на државата, рече Снопче.

    Дополнетиот ребаланс на Буџетот на 16 јули беше усвоен од страна на Владата и во него беа вградени дел од амандманите што произлегоа од амандманската расправа во Собранието. Со него се обезбедуваат дополнителни средства за министерствата за транспорт, за социјална политика и за образование и наука.

    Станува збор за шест милиони денари за проектна документација за нова сообраќајница во општина Куманово во Буџетот на Министерството за транспорт, дополнителни 50 милиони денари за исплата на социјални надоместоци во буџетот на Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и пет милиони денари за Универзитетот „Гоце Делчев“ во Буџетот на Министерството за образование и наука.

    Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната собраниска седница рече дека предложените измени и дополнувања на Буџетот произлегуваат од реалните потреби на граѓаните, институциите и стопанството и се во согласност со макроекономските движења и реализацијата во првата половина на годината.

    Измените, како што посочи, не го менуваат суштински пристапот на Владата, туку го подобруваат, оптимизираат и прилагодуваат Буџетот кон приоритетите – сервисирање на клучните обврски, подобра распределба на расходите и поефикасно користење на расположливите извори на финансирање.

    На крај на денешната расправа, министерката за финансии рече дека нема да се финансира изборна кампања, туку дека ќе се финансира изградбата на болници, училишта, патишта.

    – Ќе се финансира развој, овој ребаланс е потребен и насочен е кон иднината, рече Димитриеска-Кочоска.

    За инфлацијата, рече дека како Влада се свесни за притисокот врз граѓаните и дека токму затоа се обезбедени повеќе средства за зголемување на пензиите, платите, за социјална заптита и за стабилизирање на пензискиот систем. Ги отфрли обвинувањата од опозицијата дека линеарното зголемување ќе важи за сите пензионери.

    Поочи дека буџеткиот дефицит е внимателно планиран и дека задолжувањето е одговорно со поволни камати за што податоците е јавно достапни. Во првите шест месеци од годината, како што посочи, приходите е зголемени за 8,6 проценти, а расходите бележат рат од 5,1 процент.

    Поврзани вести:

    Продуктоводот за нафтени деривати се очекува да биде ставен во функција оваа година, најави Мицкоски

    Продуктоводот за нафтени деривати се очекува да биде ставен во функција оваа година, најави Мицкоски

    Рекордни приходи од концесии: За девет месеци наплатени 931 милиони денари надоместоци за експлоатација на минерални суровини

    Рекордни приходи од концесии: За девет месеци наплатени 931 милиони денари надоместоци за експлоатација на минерални суровини

    Обвинителството бара мерки на претпазливост за уапсените во новата афера со житото од Агенцијата за стокови резерви

    Обвинителството бара мерки на претпазливост за уапсените во новата афера со житото од Агенцијата за стокови резерви

    Уапсени директор и раководители во Агенцијата за стокови резерви, го оштетиле буџетот за 780.000 евра

    Уапсени директор и раководители во Агенцијата за стокови резерви, го оштетиле буџетот за 780.000 евра

    Обврска е на сите компании да исплатат К-15 до крајот на годината, минималниот износ е 18.141 денар

    Обврска е на сите компании да исплатат К-15 до крајот на годината, минималниот износ е 18.141 денар

    Министерството за енергетика воведува дронови и дигитален систем за напреден надзор

    Министерството за енергетика воведува дронови и дигитален систем за напреден надзор

    буџет собрание
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Не е важно дали ќе се носи нов Закон за избори или ќе се менува постојниот, важно е дека е потребна брза реакција, а не само празно да се дебатира

    27/11/2025

    Продуктоводот за нафтени деривати се очекува да биде ставен во функција оваа година, најави Мицкоски

    26/11/2025

    Инцидент пред влезот во српското Собрание

    26/11/2025
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Jumbo Маркети
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2025 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.