Горно Водно утрово е побелено. Невообичаено ниските температури за овој дел од годината и обилните врнежи дури и на снег ја забелија планината. Скопјани утрово своите редовни обврски ги започнаа на температура од 3 степени, која во текот на денот едвај се искачи до 8-миот степен. Ваквото време ќе потрае и следниот ден, по што температурите ќе се качуваат, а сонцето повторно ќе не огрее од средината на следната недела.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

