Градоначалнкот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека Скопје добива нов уреден спортски комплекс на кејот на реката Вардар.
„Денес, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, ги пуштивме во употреба обновените спортски терени на кејот на Вардар, простор кој повторно станува место за живот, рекреација и спорт. Кејот на Вардар е еден од моите клучни приоритети“, рече Ѓорѓиевски.
Реконструирани се спортските терени за фудбал, одбојка на песок и баскет, се поставува нова урбана опрема, а во рамките на проектот опфатени се и спортските терени во Маџир Маало, кои целосно ќе се унапредат и повторно ќе бидат ставени во служба на заедницата.
Градоначланикот најави и уредување и осовременување градска плажа на овој потег.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
