На Скопје му фалат мостови кои ќе ги поврзуваат улиците од двете страни на Вардар. Ама Скопје има и два моста кои се направени но долго, долго време не се пуштени во употреба.
Едниот е во Аеродром на булеварот „АСНОМ” кај спортската сала „Јане Сандански” и треба да ја поврзе опшината со Ќерамидница односно со Гази Баба. А другиот мост што долго чмае направен, а неискористен е во општина Карпош кој треба Злокуќани, Бардовци и Индустриската зона, да ги поврзе со „Илинденска” и понатаму со срцето на градот.
За активирањето на вториот мост најави неодамна даде скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. По долг период на застој таму има градежни активности.
Но, што е со другиот мост во Аеродром? Сега на него само по некој рибар си ја бара среќата и мирот во водите на Вардар. Претходните градоначалници Шилегов и Арсовска многу ветувања дадоа, сега на Ѓоргиевски му останува нешто и да сработи.
