Патувачката изложба за балканскиот рис којашто по седум посетени места низ Македонија, за првпат доаѓа и пред скопската публика. Ќе биде поставена во „Лабораториум” во четврток, 5 март од 19 часот.
„Изложбата ја организираме во рамките на регионалната Програма за закрепнување на балканскиот рис со желба да ви ја доближиме убавината и реткоста на балканскиот рис, но и да доловиме како изгледа нашата теренска работа.
Избраните дваесетина фотографии се дел од најефектните „уловени” кадри, од кои повеќето се направени со фотозамки – метод што го користиме веќе 18 години. Преку нив ќе може да видите како изгледа „домот” на балканскиот рис, до каде се протега, зошто е загрозен, која е нашата прва фотка од рисот”, велат од Македонското еколошко друштво!
Изложбата ќе биде отворена до 5 април.







