МВР соопшти дека 60-годишен жител на Скопје доби кривична пријава откако му се заканил со нож на човек при расправија на пазар во Гостивар.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Д.(60) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 27.05.2025 на Градскиот пазар во Гостивар, по претходна расправија, пријавениот со остар предмет се заканил на едно лице од Гостивар“, стои во дневниот билтен на МВР.

