Полицијата во Струга привела 45-годишен жител на Скопје, кај кого при преглед биле пронајдени две пакувања со бела прашкаста материја.
Случајот се случил на 7 октомври, околу 19:20 часот, на кејот „8 Ноември“ во Струга. Полициските службеници извршиле преглед врз лицето, при што ја пронашле и одзеле материјата.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против 45-годишниот скопјанец ќе биде поднесена соодветна пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
