Маж од Неготино е лишен од слобода поради сомнение дека присилил жена од Скопје на полови дејствија, ја снимил за време на чинот и потоа ја уценувал со видеоматеријалот, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, осомничен е 29-годишниот Р.М. од Неготино. Тој бил приведен на 6 декември околу 01:00 часот на подрачјето на општина Аеродром, откако 41-годишна жена од Скопје пријавила дека на 2 декември, во стан во Центар, тој ја присилил на полови дејствија и ја снимал со мобилен телефон.
По инцидентот, осомничениот ѝ упатувал закани и барал пари за да не го објави снимениот материјал на социјалните мрежи.
МВР информира дека, по целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
