Силно невреме со обилни врнежи и силен ветер ја погоди Полска, а пожарникарите од полноќ интервенирале повеќе од 4.000 пати низ земјата.
Најчесто се отстранувале паднати дрвја, се обезбедувале оштетени покриви и се испумпувала вода од поплавени улици, објекти и подруми. Околу 19.400 домаќинства останале без електрична енергија, а поради опасните временски услови превентивно биле евакуирани и 12 извиднички кампови.
Поради силниот ветер затворени се повеќе паркови и туристички локации во Варшава, а метеоролошките служби издадоа предупредувања за невреме во повеќе делови од земјата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
