Претседателот на Јаков Милатовиќ денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Според информациите од кабинетот на Гордана Сиљановска-Давкова, таа ќе го пречека со највисоки државни и воени почести на церемонија во Вила Водно.
Потоа е предвидена тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на македонската и црногорската делегација.
Во рамки на посетата ќе биде потпишан меморандум за соработка меѓу младинските совети при кабинетите на двајцата претседатели.
За утре е најавено Милатовиќ да положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас во Скопје.
Дополнително, Сиљановска-Давкова и Милатовиќ ќе одржат заедничко предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет Св. Кирил и Методиј.
