Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Драч, Албанија на состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони”. Во фокусот на годинашниот состанок, како што соопштија од нејзиниот Кабинет, ќе бидат неколку теми: европската интеграција, Планот за раст на ЕУ, младинската политика и одливот на мозоци, како и регионалната соработка и безбедност. Процесот „Брдо-Бриони” е заедничка иницијатива на претседателите на Словенија и Хрватска. Првиот состанок на лидерите се одржа во 2013 година, во Брдо кај Крањ.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
