Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Сиљановска-Давкова со поддршка за семејствата кои минуваат низ ин-витро процес
    Република

    Сиљановска-Давкова со поддршка за семејствата кои минуваат низ ин-витро процес

    06/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со претставнички на здружението за хумана репродукција и биопотпомогнато оплодување „До бебе по патот на ин-витро“, на која се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат лицата кои минуваат низ процесот на асистирана репродукција.

    На средбата присуствуваа претседателката на здружението Деспина Петровска, како и членовите Наташа Ѓорѓиева Божинов и Марија Михајлоска Јанкуловска.

    Сиљановска-Давкова им ја изрази својата поддршка на сите жени и мажи кои се одлучуваат да станат родители преку ин-витро постапка, нагласувајќи дека станува збор за луѓе кои покажуваат голема сила и истрајност.

    Таа го поздрави ангажманот на здружението, кое се залага за подобрување на правата и условите за пациентите што поминуваат низ процесот на ин-витро оплодување, но и за создавање услови за достоинствено мајчинство и родителство.

    Претставничките на здружението информираа дека, според податоците на Светската здравствена организација, едно од шест лица во светот се соочува со неплодност, при што проблемот подеднакво ги засега и мажите и жените.

    Како значаен чекор ги посочија измените на Законот за здравствена заштита, со кои бројот на бесплатни ваучери за ин-витро постапки е зголемен од три на шест обиди, а лекот клексан е овозможен преку издавање на рецепт.

    На средбата биле презентирани и идните приоритети на здружението, меѓу кои се зголемување на средствата за поквалитетна терапија, можност генетските испитувања и анализи да се вршат во Македонската академија на науките и уметностите, како и пренаталните испитувања наместо во странство да се реализираат во државата.

    Претставничките укажаа дека, имајќи го предвид проблемот со намалениот наталитет, потребна е долгорочна и системска поддршка за лицата кои се соочуваат со неплодност.

    Според претседателката, иако станува збор за помала група граѓани, поддршката за нив има пошироко значење и позитивен ефект врз целото општество.

    Поврзани вести:

    Затнат одвод поради влажни марамчиња во реновираниот „Стив Наумов“, Јаневска апелира за поголема одговорност

    Затнат одвод поради влажни марамчиња во реновираниот „Стив Наумов“, Јаневска апелира за поголема одговорност

    Завршни зборови за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане: Каква казна ќе добие?

    Завршни зборови за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане: Каква казна ќе добие?

    ФЗО појасни: Боледувањето не се ограничува на пет дена, се менуваат само правилата за отворање

    ФЗО појасни: Боледувањето не се ограничува на пет дена, се менуваат само правилата за отворање

    Починати и иселени лица добивале социјална помош, откриени над 4.500 фиктивни корисници

    Починати и иселени лица добивале социјална помош, откриени над 4.500 фиктивни корисници

    Артан Груби понуди гаранција од 335.707 евра за укинување на мерката на претпазливост

    Артан Груби понуди гаранција од 335.707 евра за укинување на мерката на претпазливост

    Времено одложена имунизацијата со БСЖ вакцина до добивање комплетни информации за сериите

    Времено одложена имунизацијата со БСЖ вакцина до добивање комплетни информации за сериите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Затнат одвод поради влажни марамчиња во реновираниот „Стив Наумов“, Јаневска апелира за поголема одговорност

    06/10/2026

    Завршни зборови за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане: Каква казна ќе добие?

    06/10/2026

    ФЗО појасни: Боледувањето не се ограничува на пет дена, се менуваат само правилата за отворање

    06/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.