Македонија утрово се разбуди со температури пониски од 10 степени. Сибирскиот ладен бран кој синоќа навлезе на територијата на цела држава ја спушти утринската температура во Крушево на 4 степени, во Берово на 6, а во Крива Паланка и Тетово на 7 степени. И дневните температури денес се движеа околу 10-тиот степен, Синоќа најмногу дожд наврна во Крушево, Битола и Штип. Ваквото време ќе се задржи и во следните неколку дена, по што повторно ќе огрее сонцето, а дневните температури ќе се движат околу 20-тиот степен.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
