Државјанин на Шведска пријавил дека бил ограбен во Градскиот парк во Скопје, откако неколку малолетни лица му се приближиле, а едно од нив со употреба на физичка сила му одзело личен накит.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот на 10 октомври во 12:00 часот во СВР Скопје го пријавил 27-годишниот Х.Х.В. од Шведска.
Според неговата пријава, инцидентот се случил околу 02:00 часот во Градскиот парк, каде што му се доближиле неколку малолетни лица. Потоа, едно од нив физички го нападнало и му го одзело накитот.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на сторителите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
