Швајцарски турист пријави во полиција дека е измамен од скопски таксист кој за превоз на релација од Центар до Средно Водно, му наплатил неверојатни 7.800 денари.
43- годишниот Швајцарец случајот го пријавил во полиција во понеделникот вечер.
-По сфаќањето дека сумата е значително повисока од вообичаената, патникот реагирал, по што таксистот, како што е наведено, станал агресивен и со возилото го напуштил местото”, соопшти МВР.

