Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Швајцарците денеска гласаат на референдум за четири важни прашања
    Свет

    Швајцарците денеска гласаат на референдум за четири важни прашања

    08/03/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Граѓаните на Швајцарија денеска излегуваат на референдум на кој треба да се изјаснат за четири значајни прашања – воведување индивидуално оданочување за брачните парови, намалување на надоместокот за јавниот радиодифузен сервис, уставно гарантирање на достапноста на готовината и иницијативата за формирање климатски фонд.

    Една од најдискутираните теми е предлогот за промена на даночниот систем, со кој брачните двојки би се оданочувале индивидуално, наместо заеднички како досега. Според актуелниот систем, приходите на сопружниците се пресметуваат заедно, но со новото решение секој би поднесувал посебна даночна пријава, слично како кај невенчаните парови. Последните анкети спроведени во февруари покажуваат дека околу 52 проценти од граѓаните ја поддржуваат оваа промена, додека 44 проценти се против. Конзервативните политички партии се спротивставуваат на реформата, тврдејќи дека таа го поткопува традиционалниот семеен модел, а одредени кантони предупредуваат дека може да донесе фискални загуби и дополнителна административна сложеност.

    На гласање е и иницијативата за намалување на надоместокот за радиодифузна лиценца, која моментално изнесува 335 швајцарски франци по домаќинство. Предлогот предвидува сумата да се намали на 200 франци. Иницијативата е поддржана од Швајцарска народна партија, која смета дека поради растот на трошоците за живот потребно е намалување на давачката. Поддржувачите веруваат дека буџет од околу 850 милиони франци е доволен за функционирањето на јавниот сервис. Од друга страна, Федералниот совет на Швајцарија и парламентот предупредуваат дека ваквата мерка може да доведе до намалување на квалитетот и разновидноста на јавните медиуми. Анкетите покажуваат дека мнозинството граѓани, околу 54 проценти, не ја поддржуваат оваа иницијатива.

    Гласачите одлучуваат и за иницијативата „Готовината е слобода“, со која се бара достапноста на готовите пари да биде гарантирана со Устав. Иако безготовинските плаќања стануваат сè почести, значителен дел од граѓаните сметаат дека банкнотите и монетите треба да останат достапни. Според истражувањата на јавното мислење, оваа иницијатива има најголема поддршка, околу 61 процент. Владата предложи и контрапредлог, кој ја поддржува идејата за достапност на готовината, но користи поширок правен термин наместо конкретно да ги наведува банкнотите и монетите.

    Најмалку шанси за поддршка, според анкетите, има иницијативата за формирање федерален климатски фонд, чија цел е финансирање проекти за обновливи извори на енергија и заштита на биодиверзитетот. Предлогот е поддржан од Социјалдемократската партија на Швајцарија и Зелената партија на Швајцарија, кои предлагаат годишни инвестиции од 0,5 до 1 процент од бруто-домашниот производ за еколошка трансформација. Сепак, Федералниот совет на Швајцарија го отфрла предлогот, оценувајќи дека е премногу скап и недоволно ефикасен. Според последните анкети, околу 65 проценти од гласачите се против оваа иницијатива.

    Гласачките места низ Швајцарија се отворени во текот на денот, а првичните резултати од референдумот се очекуваат во попладневните часови.

    Поврзани вести:

    Воен авион се урна во Франција, остатоците пронајдени со дрон

    Воен авион се урна во Франција, остатоците пронајдени со дрон

    НАТО стравува дека спорот меѓу Зеленски и Трамп може да ја загрози воената помош

    НАТО стравува дека спорот меѓу Зеленски и Трамп може да ја загрози воената помош

    Вучиќ: Ништо не може да го смени изборниот исход, ако изгубиме ќе им честитам

    Вучиќ: Ништо не може да го смени изборниот исход, ако изгубиме ќе им честитам

    Осми ден протести во Тирана: Судири со полицијата, запалени контејнери и солзавец

    Осми ден протести во Тирана: Судири со полицијата, запалени контејнери и солзавец

    „Рајанер“ најавува поскапување на летовите поради скапото гориво

    „Рајанер“ најавува поскапување на летовите поради скапото гориво

    (Видео) Се запали мотор на патнички авион пред полетување во Перу, патниците евакуирани

    (Видео) Се запали мотор на патнички авион пред полетување во Перу, патниците евакуирани

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Воен авион се урна во Франција, остатоците пронајдени со дрон

    21/10/2026

    НАТО стравува дека спорот меѓу Зеленски и Трамп може да ја загрози воената помош

    21/10/2026

    Вучиќ: Ништо не може да го смени изборниот исход, ако изгубиме ќе им честитам

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.