Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Штрајк на грчките цариници создаде застои на границата со Македонија
    Република

    Штрајк на грчките цариници создаде застои на границата со Македонија

    27/07/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Патниците кои денеска се упатуваат кон Грција треба да бидат подготвени за подолги задржувања на граничните премини поради предупредувачкиот штрајк на грчките царински службеници.

    Штрајкот се одржува од 05:00 до 09:00 часот по македонско време и ги опфаќа сите три гранични премини меѓу Македонија и Грција – Евзони кај Богородица, Ники кај Меџитлија и Дојран.

    За време на протестната акција, патничките возила се пропуштаат во интервали од по десет минути, што предизвикува забавен проток на сообраќајот и можност за создавање колони.

    Товарниот сообраќај е целосно запрен. Камионите и другите товарни возила не можат да влезат или да излезат од Грција додека трае штрајкот.

    Грчките царински службеници преку протестот бараат подобрување на условите за работа и исплата на додатоци за прекувремена работа, сменска работа, како и ангажмани за време на празници и викенди.

    Според нивните најави, станува збор за предупредувачки штрајк кој се спроведува на сите копнени гранични премини во Грција.

    Од Министерството за внатрешни работи информираа дека македонските гранични служби работат непречено и според редовните процедури. Од таму посочуваат дека се обезбедени сите потребни човечки и технички ресурси, а евентуалните задржувања зависат исклучиво од работата на грчките гранични служби.

    Граѓаните се повикуваат на трпение и, доколку имаат можност, патувањето да го прилагодат по завршувањето на штрајкот за да избегнат подолги чекања.

    Поврзани вести:

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија, затворени спорните друштва

    Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија, затворени спорните друштва

    Осум нови случаи на ХИВ/СИДА регистрирани во Македонија во септември

    Осум нови случаи на ХИВ/СИДА регистрирани во Македонија во септември

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    21/10/2026

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    21/10/2026

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.