МАНУ е највисоката научна иснституција во земјава. Од неа се очекуваат проекти, идеи и искуство кои ќе помогнат во развојот на Македонија.
Некогаш во таа задача се успева, некогаш не. Но, сега се отвора прашањето што во МАНУ се случува околу организацискиот дел. Поранешниот претседател – академикот Љупчо Коцарев преку авторски текст објавен vo весникот „Нова Македонија” го повикува актуелниот прв човек на Академијата, Живко Попов да ја напушти функцијата.
Коцарев вели дека разумот и словото на правото одамна – повеќе од една година, не се присутни во просториите на Академијата. Тој повикува и Државниот завод за ревизија да направи ревизија на работењето на МАНУ.
Дали е навистина ваква состојбата во МАНУ? Ќе има ли одговор и објаснување за сето ова од раководството на академијата останува да се види. Пожелно е академиците да манифестираат дијалог и професионалност во работењето за кои често опоменуваат дека ги нема во Македонија.
