Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Шпанија со четири гола ја совлада Хрватска, Англија до победа во Прага
    Спорт

    Шпанија со четири гола ја совлада Хрватска, Англија до победа во Прага

    29/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Фудбалската репрезентација на Шпанија со убедливи 4:1 ја победи Хрватска во еден од најинтересните натпревари од второто коло во Лигата на нации. Европскиот шампион одлично го започна дуелот и уште во 2. минута стигна до водство преку Ламин Јамал.

    Хрватите успеаја да одговорат во 28. минута. Дион Бељо со удар со глава го совлада домашниот голман по одличниот центаршут на Иван Перишиќ и израмни на 1:1.

    Сепак, радоста на гостите траеше кратко. Само три минути подоцна Марк Пубиљ ја врати предноста на Шпанија, повторно со погодок со глава по нафрлување на Јамал. До крајот на првото полувреме „црвената фурија“ ја контролираше играта и на одмор замина со 2:1.

    Во вториот дел Шпанија продолжи со сигурна игра иако темпото беше послабо. Ламин Јамал во 63. минута постигна уште еден гол за предност од 3:1, а конечниот резултат го постави Вилијамс во 89. минута.

    Во вториот натпревар од А-сегментот, Англија славеше со 2:0 на гостувањето против Чешка.

    Домашната селекција остана со играч помалку уште во 24. минута, откако Павел Шулц заработи директен црвен картон. И покрај бројчаната предност, Англичаните долго време не успеваа да најдат решение за одбраната на противникот.

    Сепак, на почетокот од второто полувреме гостите го скршија отпорот. Ентони Гордон во 51. минута погоди со глава по прецизниот центаршут на Трент Александер-Арнолд. Конечните 2:0 ги постави Хари Кејн во 69. минута, откако најдобро се снајде во шеснаесетникот по одбиена топка.

    Во рамките на Ц-сегментот, Албанија без поголеми проблеми славеше со 3:0 на гостувањето кај Сан Марино, додека Бугарија одигра без голови против Естонија.

    Поврзани вести:

    Македонија без гол и без бодови по два натпревари, Словенија славеше со 2:0

    Македонија без гол и без бодови по два натпревари, Словенија славеше со 2:0

    Јокиќ останува во Денвер, но рекордниот договор ќе го потпише следното лето

    Јокиќ останува во Денвер, но рекордниот договор ќе го потпише следното лето

    Македонија со две победи го освои второто место на „Трофеј Македонија 2026“

    Македонија со две победи го освои второто место на „Трофеј Македонија 2026“

    Јакимовски блесна на дебито за Баскет Наполи и ја отвори сезоната со победа

    Јакимовски блесна на дебито за Баскет Наполи и ја отвори сезоната со победа

    Необична ситуација: Дефанзивец пријавен како резервен голман во репрезентацијата на Ирска

    Необична ситуација: Дефанзивец пријавен како резервен голман во репрезентацијата на Ирска

    Јакин: Македонија добро помина со само три примени гола, создадовме многу повеќе шанси

    Јакин: Македонија добро помина со само три примени гола, создадовме многу повеќе шанси

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Македонија без гол и без бодови по два натпревари, Словенија славеше со 2:0

    29/09/2026

    Јокиќ останува во Денвер, но рекордниот договор ќе го потпише следното лето

    28/09/2026

    Македонија со две победи го освои второто место на „Трофеј Македонија 2026“

    28/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.