Претседателот на фудбалскиот клуб Ботев Пловдив, Илијан Филипов, ноќеска бил убиен во Пловдив, пренесуваат бугарските медиуми, повикувајќи се на информации од Министерството за внатрешни работи.
Според првичните информации, трагедијата се случила додека Филипов се враќал дома по фудбалски натпревар. Тој бил застрелан, а според досегашните наоди, смртта настапила како последица на прострелна рана во главата.
Бугарската полиција и обвинителството го потврдија случајот, но не откриваат дополнителни детали поради интересите на истрагата. На местото каде што се случил нападот продолжуваат процесуалните и истражните дејствија, а надлежните ги проверуваат сите можни верзии за убиството.
Илијан Филипов беше познат и како успешен бизнисмен, сопственик на компании од транспортниот и градежниот сектор. Во последните години беше активен и во фудбалот како прв човек на Ботев Пловдив.
