Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Шест лица под обвинение за оштетување на културно наследство во Струга, меѓу нив и поранешен градоначалник
    Република

    Шест лица под обвинение за оштетување на културно наследство во Струга, меѓу нив и поранешен градоначалник

    25/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Струга поднесе обвинителен акт против шест лица поради сомнение дека со свои дејствија го оштетиле или уништиле објект под привремена заштита како културно наследство.

    Обвинението се однесува на кривичното дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ од член 264 од Кривичниот закон.

    Според обвинителството, првообвинетиот, управител на градежна фирма од Велешта, како инвеститор и изведувач на градежни работи, бил задолжен согласно решение на Управата за заштита на културното наследство да изготви идеен проект со точно определен начин на уривање на стар објект.

    Објектот се наоѓал непосредно до заштитената стара струшка куќа на Владо Малески, со која делел заеднички преграден ѕид и кровна конструкција.

    Наместо тоа, според обвинителниот акт, бил изготвен само основен проект без детално утврден начин на уривање. По отстранувањето на стариот објект, на истата парцела започнала изградба на нов објект со подрум, приземје и кат.

    При ископот за подрумските простории, со употреба на механизација бил поткопан заедничкиот ѕид меѓу објектите, што предизвикало нарушување на стабилноста и уривање на заштитената куќа на Владо Малески.

    Обвинети се и градежен инженер и архитект од Секторот за урбанизам при Општина Струга, кои, според обвинителството, изготвиле и одобриле одобрение за градење без да биде приложен идеен проект за уривање на претходниот објект, со што му овозможиле на првообвинетиот да ги изврши дејствијата.

    Обвинението го опфаќа и тогашниот градоначалник на Општина Струга, кој го донел одобрението за градење и, според обвинителството, спротивно на решението на Управата за заштита на културното наследство, дозволил изградба на објект со подрум, покрај предвидените приземје и кат.

    Поврзани вести:

    Сиљановска-Давкова и амбасадорот на ОАЕ разговараа за инвестиции, туризам и нови можности за соработка

    Сиљановска-Давкова и амбасадорот на ОАЕ разговараа за инвестиции, туризам и нови можности за соработка

    Европската ноќ на истражувачите денеска во Скопје, Битола, Штип и Охрид

    Европската ноќ на истражувачите денеска во Скопје, Битола, Штип и Охрид

    Денеска и утре дождливо, од недела повторно затоплување

    Денеска и утре дождливо, од недела повторно затоплување

    Земјотрес од 3,3 степени ја потресе околината на Битола

    Земјотрес од 3,3 степени ја потресе околината на Битола

    Општина Битола: Околу 500 ученици учествуваа на „Есенскиот крос“

    Општина Битола: Околу 500 ученици учествуваа на „Есенскиот крос“

    Тоневски: Три спорта, една енергија – Пробиштип со спортски ден ја одбележа Европската недела на спортот

    Тоневски: Три спорта, една енергија – Пробиштип со спортски ден ја одбележа Европската недела на спортот

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Сиљановска-Давкова и амбасадорот на ОАЕ разговараа за инвестиции, туризам и нови можности за соработка

    25/09/2026

    Европската ноќ на истражувачите денеска во Скопје, Битола, Штип и Охрид

    25/09/2026

    Денеска и утре дождливо, од недела повторно затоплување

    25/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.