Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Шест активни пожари во земјава, ЦУК регистрира вкупно 15 огнени жаришта
    Хроника

    Шест активни пожари во земјава, ЦУК регистрира вкупно 15 огнени жаришта

    10/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Вкупно 15 пожари на отворен простор се регистрирани во земјава до 18 часот, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, шест пожари се активни, два се ставени под контрола, додека седум се целосно изгаснати.

    Активни пожари се регистрирани на повеќе локации низ земјава. Во Општина Македонски Брод гори кај местото Видуш, во близина на селото Драгов Дол, каде што огнот зафатил ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

    Пожар има и во Општина Струга, кај селото Долна Белица, каде гори ниска вегетација. Во Општина Центар Жупа, кај селото Плареник, огнот зафатил сува трева и нискостеблеста шума.

    Во Општина Кичево, во близина на турските гробишта, гори ниска вегетација и стрниште, додека активни се и пожарите во Општина Битола, кај селото Букри, каде гори ниска вегетација, како и во Општина Долнени, кај селото Житоше.

    Два пожари се ставени под контрола. Во Општина Крива Паланка пожарот бил регистриран на излезот од градот, каде што горела депонија, додека во Општина Делчево огнот зафатил дел од градската депонија.

    Во текот на денот биле изгаснати уште седум пожари. Во Општина Новаци пожарот бил регистриран на патот пред РЕК Битола, каде горела ниска вегетација. Изгаснат е и пожарот во Општина Велес, кај местото Кулата, каде што гореле нискостеблеста поретка шума и ниска вегетација.

    Без активен пожар остануваат и локациите во Општина Босилово, помеѓу селата Турново и Секирник, каде горело стрниште, како и во Општина Штип, кај селото Лакавица, каде огнот зафатил ниска вегетација и грмушки.

    ЦУК информира дека се изгаснати и пожарите во Општина Градско, покрај компанијата „Жито Вардар“, каде горела ниска вегетација, во Општина Неготино, кај воениот полигон Криволак, како и во Општина Арачиново, кај селото Арачиново, каде горела депонија.

    Надлежните служби продолжуваат со следење на состојбата на местата каде што пожарите се активни и под контрола, со цел да се спречи нивно повторно разгорување и понатамошно ширење.

    Поврзани вести:

    Жена од Велешко пријавила напад во домот, ја нападнале татко ѝ и брат ѝ

    Жена од Велешко пријавила напад во домот, ја нападнале татко ѝ и брат ѝ

    Црн биланс викендов во Македонија: Две лица пронајдени починати, две лица загинаа во сообраќајки

    Црн биланс викендов во Македонија: Две лица пронајдени починати, две лица загинаа во сообраќајки

    Сообраќајна несреќа со четири возила го блокира патот Гостивар – Стража

    Сообраќајна несреќа со четири возила го блокира патот Гостивар – Стража

    Рибар од Скопје исчезна во Преспанското Езеро, скокнал по паднатите весла

    Рибар од Скопје исчезна во Преспанското Езеро, скокнал по паднатите весла

    СВР Скопје расчисти два тешки случаи, поднесени кривични пријави за обид за убиство и семејно насилство

    СВР Скопје расчисти два тешки случаи, поднесени кривични пријави за обид за убиство и семејно насилство

    Со 2,13 промили и без дозвола возил кај Илинден, уапсен е и одземено му е возилото

    Со 2,13 промили и без дозвола возил кај Илинден, уапсен е и одземено му е возилото

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Post Views: 14
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Жена од Велешко пријавила напад во домот, ја нападнале татко ѝ и брат ѝ

    10/08/2026

    Црн биланс викендов во Македонија: Две лица пронајдени починати, две лица загинаа во сообраќајки

    10/08/2026

    Сообраќајна несреќа со четири возила го блокира патот Гостивар – Стража

    10/08/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.