Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Шема за „преку ред“ документи под истрага на МВР, вмешани вработени во МВР и поранешна ракометарка
    Хроника

    Шема за „преку ред“ документи под истрага на МВР, вмешани вработени во МВР и поранешна ракометарка

    06/02/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Четири лица – двајца полицајци, наставничка и пожарникар – се опфатени со истрага на Министерството за внатрешни работи под сомнение дека учествувале во организирана шема за незаконско посредување при издавање лични документи.

    Според информациите од МВР, во периодот од февруари до април 2024 година осомничените воспоставиле систем преку кој за паричен надомест им овозможувале на граѓани побрзо издавање лични карти, пасоши и возачки дозволи. Одделот за внатрешна контрола поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

    Пријавата се однесува на полицаецот М.С., осомничен за злоупотреба на службената положба и примање поткуп, како и на П.П. од Интервентната полиција, кој се товари за примање поткуп и противзаконито влијание. Истрагата ги опфаќа и В.Р., наставничка во средно училиште во Скопје, и А.С., пожарникар во Град Скопје, осомничени за примање награда за противзаконито влијание.

    Според неофицијални информации објавени во медиумите, В.Р. е поранешната македонска ракометарка Валентина Радуловиќ, една од најуспешните репрезентативки во историјата на македонскиот ракомет. Таа има 220 настапи за националниот тим и 813 постигнати голови, а во кариерата играла за Кометал ЃП, како и за европските клубови Хипо од Австрија и Шлагелсе од Данска.

    Истрагата посочува дека наставничката и пожарникарот пронаоѓале граѓани заинтересирани за побрзо добивање документи, собирале лични податоци и фотографии и ги доставувале до полицаецот П.П., кој посредувал за забрзување на постапките. Полицаецот М.С., пак, како службено лице задолжено за прием на барања и фотографирање, ги реализирал административните процедури.

    Според наводите, сите активности биле однапред координирани — од износите што се наплаќале до распределбата на задачите. На тој начин, според МВР, функционирал неформален систем што овозможувал привилегиран пристап до јавни услуги, спротивно на принципот на еднаквост за сите граѓани.

    Од Министерството информираат дека осомничените стекнале противправна имотна корист и дека истрагата продолжува во соработка со обвинителството, при што се проверува можната вмешаност и на други лица.

    Поврзани вести:

    Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: Повредени мопедист и шестгодишно дете

    Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: Повредени мопедист и шестгодишно дете

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје: Повредени мопедист и шестгодишно дете

    20/10/2026

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    19/10/2026

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.