Северна Кореја повторно тестирала и испалила балистички ракети кон исток, кадешто покрај Ројтерс, тоа го потврдиле и јапонски извори. Ова е веќе седми пат годинава како Северна Кореја лансира балистички ракети со тоа што само овој месец го повтори тоа четири пати.
Јужнокорејската војска соопштила дека балистичката ракета летала кон исток, а то го објавила и новинската агенција Јонхап. Јужнокорејското Министерство за одбрана сè уште не го коментираше инцидентот.

