Американскиот Сенат усвои резолуција со која од претседателот Доналд Трамп се бара да ја запре војната со Иран или да побара одобрение од Конгресот за продолжување на воените операции. Мерката беше изгласана со 50 гласа „за“ и 48 „против“, откако дел од републиканците им се придружија на демократите, а претходно беше усвоена и во Претставничкиот дом.
Иако резолуцијата нема законска сила, таа претставува прв случај од 1973 година двата дома на Конгресот да усвојат иста мерка за ограничување на воени овластувања на претседателот. Трамп ја критикуваше одлуката, оценувајќи ја како лошо темпирана и бесмислена.
Гласањето се одржа истиот ден кога Пентагон побара дополнителни 80 милијарди долари, од кои најголем дел се наменети за финансирање на конфликтот со Иран.
