Уште еден трагичен случај на семејно насилство ја потресе Македонија. 31-годишна жена е убиена во Битола од сопругот.
Страшно!
Колку навистина жените се заштитени од насилство во сопствениот дом?
Само лани имало илјадници пријави за семејно насилство, а годинава во просек секој ден има по 5-6 случаи што стигнуваат до полиција, а може само да се нагаѓа колку други жртви трпат насилство и од страв не пријавуваат.
Полседниот битолски трагичен настан не потсетува и на случајот со Стојанче Јовановски, и на трагедијата во општина Карпош, кога неговата сопруга заедно со малолетната ќерка неможејќи да го трпи насилството кое го пријавувала, се фрли од балконот. Се паметат и други случаи во Скопје, Куманово и Штип, каде жени беа жртви на партнери или поранешни сопрузи, често и покрај претходни пријави до надлежните.
Ова покажува дека проблемот не е индивидуален, туку системски. Често жртвите пријавуваат, но реакцијата доаѓа предоцна. Дополнително, многу жени се плашат – од насилникот, од осуда или од недоверба во системот.
Семејното насилство не е приватен проблем, туку сериозна општествена болест што бара итен одговор. Потребни се поефикасни механизми за заштита, построги санкции и многу поголема превенција.
