Додека Скопје е жедно за вода, инспекциите на Градот секојдневно ловат диви приклучоци на водоводната мрежа. Од таму јавија дека секојдневно лоцираат по 30-тина диви приклучоци, а некои од нив се со енормна потрошувачка. Така викендов беше откриен див приклучок кој полевал големи површини на пластеници со питка вода.
Градоначалничката Данела Арсовска на својот профил на социјалните мрежи објави најнов случај на фатен див приклучок, за кој, како што таа напиша, сторител е извесен инспектор од МВР наречен Бујо, кој во бес, физички нападнал советничката во Град Скопје и тоа пред очите на неговите колеги од МВР и пред десетина сведоци.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
