Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје, бројката на заболени достигна 20
    Република

    Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје, бројката на заболени достигна 20

    07/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во текот на оваа недела во Македонија се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, соопшти Министерството за здравство. Сите новозаболени лица се од Скопскиот регион.

    Два случаи се евидентирани во општините Кисела Вода и Гази Баба, а по еден случај има во Илинден, Бутел и Аеродром. Заболените се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани.

    Од Министерството информираат дека на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби моментално се лекуваат 16 пациенти. Кај 15 лица инфекцијата е лабораториски потврдена, додека за еден пациент сè уште се очекуваат резултатите.

    Тројца пациенти се во критична состојба и се наоѓаат на механичка поддршка на дишењето. Станува збор главно за повозрасни лица со придружни здравствени проблеми, додека останатите пациенти се во стабилна состојба и примаат соодветна терапија.

    Заклучно со последните податоци, во земјава се регистрирани вкупно 20 случаи на Западен Нил. Првиот случај годинава бил пријавен на 15 мај во Велес.

    Здравствените власти повторно апелираат граѓаните да преземат мерки за заштита од комарци, бидејќи тие се главни преносители на вирусот. Се препорачува избегнување престој на отворено во раните утрински и вечерните часови, користење репеленти, поставување заштитни мрежи и редовно отстранување на застојана вода од дворовите и терасите.

    Поврзани вести:

    Осум нови случаи на ХИВ/СИДА регистрирани во Македонија во септември

    Осум нови случаи на ХИВ/СИДА регистрирани во Македонија во септември

    Мирис на чад го зафати Струмичко по пожарот на депонијата

    Мирис на чад го зафати Струмичко по пожарот на депонијата

    Променливо облачно време со сончеви периоди, од утре следува нов бран дождови

    Променливо облачно време со сончеви периоди, од утре следува нов бран дождови

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Осум нови случаи на ХИВ/СИДА регистрирани во Македонија во септември

    21/10/2026

    Мирис на чад го зафати Струмичко по пожарот на депонијата

    21/10/2026

    Променливо облачно време со сончеви периоди, од утре следува нов бран дождови

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.