Општина Центар започна со реконструкција на вториот дел од улица „Ленинова“ во должина од над 600 метри, на потегот од бул. „Партизански одреди“ до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, при што е воведен привремен режим на сообраќај.
Работите се одвиваат во повеќе фази, а сообраќајот ќе се одвива наизменично по една коловозна лента, додека при асфалтирањето одредени делови ќе бидат целосно затворени и ќе се воведат пренасочувања.
Од општината информираат дека со реконструкцијата се предвидува уредување на коловозот, тротоарите, велосипедска патека и обновување на зеленилото.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
