Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Се продаваат познатите хотели „Бристол“ и „Јадран“ во центарот на Скопје
    Скопје

    Се продаваат познатите хотели „Бристол“ и „Јадран“ во центарот на Скопје

    27/05/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Два историски објекти во центарот на Скопје, поранешните хотели „Бристол“ и „Јадран“, одат на продажба откако Собранието на акционери на „Македонијатурист“ на 22 мај ја одобрило продажбата на дел од недвижниот имот на компанијата.

    Покрај двата објекти, на продажба се и станови на улицата „Максим Горки“, како и деловниот простор „Пивница“. Според одлуката, претседателот на Управниот одбор е овластен да ги потпише купопродажните договори, а цената ќе биде утврдена од овластен проценител, по што процесот влегува во следна фаза.

    Хотелот „Бристол“ е еден од најстарите зачувани хотелски објекти во Скопје, изграден во 1924 година и поврзан со развојот на градската урбана култура. Објектот со години не е во функција и ја дочека својата стогодишнина со затворени врати.

    „Јадран“, познат и како Арапска куќа, е изграден меѓу 1936 и 1938 година во арапско-маварски стил и со децении претставува препознатлив белег на централното градско подрачје. Во дел од јавните евиденции се води како објект под заштита, со постапки за утврдување статус на културно наследство.

    Продажбата на овие објекти повторно ја отвора дилемата за балансот меѓу комерцијалната вредност на недвижностите и зачувувањето на градската меморија.

    Според претходни информации, „Македонијатурист“ планира и купување градежна парцела во Ново Лисиче во вредност од 17,7 милиони евра, што ја става продажбата на старите објекти во поширок деловен контекст.

    Поврзани вести:

    Фондацијата „Скопје ЕПК 2028“ и Францускиот институт потпишаа меморандум за соработка

    Фондацијата „Скопје ЕПК 2028“ и Францускиот институт потпишаа меморандум за соработка

    Македонска песна и оро ќе одекнат на „Боемска“ во петок

    Македонска песна и оро ќе одекнат на „Боемска“ во петок

    Продолжува сагата со Луна паркот – раскинат договорот за изградба на забавен парк во Скопје

    Продолжува сагата со Луна паркот – раскинат договорот за изградба на забавен парк во Скопје

    Скопје домаќин на четвртиот Меѓународен конгрес на студентите по медицина и биомедицински науки

    Скопје домаќин на четвртиот Меѓународен конгрес на студентите по медицина и биомедицински науки

    Денес без електрична енергија остануваат делови од Кисела Вода и Ѓорче Петров

    Денес без електрична енергија остануваат делови од Кисела Вода и Ѓорче Петров

    Дел од Центар денеска без вода поради приклучување на нова водоводна мрежа

    Дел од Центар денеска без вода поради приклучување на нова водоводна мрежа

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    бристол јадран скопје
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Слаб земјотрес кај Охридското Езеро, регистриран потрес од 2 степени

    15/10/2026

    Фондацијата „Скопје ЕПК 2028“ и Францускиот институт потпишаа меморандум за соработка

    15/10/2026

    Македонска песна и оро ќе одекнат на „Боемска“ во петок

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.