Полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.Т. (45) од Дојран, осомничен за измама со која била оштетена 81-годишна жителка на Кавадарци за 300.000 денари, информира Министерство за внатрешни работи на Северна Македонија.
Според информациите, на 5 март 2026 година повозрасната жена пријавила дека била телефонски контактирана од лице кое се претставило како лекар. Тој ѝ рекол дека нејзината ќерка се наоѓа во болница со скршеница и дека е потребна итна операција за која треба да се плати.
По договорот, жената излегла пред својот дом и му ги предала парите на машко лице. Подоцна сфатила дека станува збор за измама и случајот го пријавила во полиција.
Во службен разговор осомничениот го признал делото, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
