Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Се појави вознeмирувачка снимка од бруталното претепување до смрт во Ново Место, Словенија на нозе, паднаа оставки, се бараат радикални мерки
    Свет

    Се појави вознeмирувачка снимка од бруталното претепување до смрт во Ново Место, Словенија на нозе, паднаа оставки, се бараат радикални мерки

    26/10/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    На социјалната мрежа Икс се појави видео од монструозната тепачка што се случила ноќта помеѓу четвртокот и петокот во Ново Место, Словенија, кога еден маж бил брутално нападнат, по што претрпел сериозни повреди на главата и подоцна починал.

    Инцидентот се случил кратко по 2:30 часот наутро на улицата Розманова.

    Ова е видео-снимката од претепувањето на Словенецот: клик ТУКА.

    Како што веќе објавија тамошните медиуми, до овој кобен момент дошло откако жртвата, Алеш Шутар, бил повикан од својот син, да дојде пред клубот „ЛокалПатриот“ во Ново Место. Синот на таткото му кажал дека група мажи му се закануваат.

    Таткото, познат работник во ресторан од Ново Место, пристигнал на местото на настанот, каде што бил нападнат и претепан, а за време на нападот го изгубил пулсот.

    Брзата помош успеала да го реанимира, но тој сепак починал кратко пред 22 часот, поради добиените повреди на главата.

    Словенија е на нозе по овој инцидент. Министрите за правда и за внатрешни работи во владата на Роберт Голоб поднесоа оставки.

    Градоначалникот на Ново Место, Грегор Мацедони, рече дека трагедијата длабоко ја потресла целата заедница и дека „силно ќе одекне во јавноста“.

    „Овој настан јасно покажува дека владата и одговорните не ги препознале ниту ги решиле проблемите што се присутни долго време. Луѓето претрпеа доста. Ова беше последната капка во кашата. И оние во Љубљана мора да разберат дека нема враќање назад“, рече Мацедони.

    Според него, полицијата мора да дејствува веднаш и порешително од порано. „Доколку е потребно, мора со многу остри мерки да покажеме дека сакаме безбедност“, рече тој.

    Под силно полициско обезбедување, премиерот Голоб пристигна на средба со локалната заедница во Ново Место.

    „Разбирам дека сите чувствуваме болка, гнев и страв. Но, не смееме да се поведуваме по повиците за одмазда и оружје, туку време е да се стави крај на ситуацијата што е резултат на децениско занемарување на ова прашање“, изјави тој, најавувајќи дека конкретните мерки ќе бидат презентирани во вторник. „Верувам дека со предлозите радикално ќе интервенираме во некои области“, нагласи премиерот Голоб.

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

    Поврзани вести:

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    Протестите во Албанија продолжуваат седми ден, демонстрантите бараат оставка од Рама

    Протестите во Албанија продолжуваат седми ден, демонстрантите бараат оставка од Рама

    Две жртви во катастрофалните поплави во Шпанија, војската на терен

    Две жртви во катастрофалните поплави во Шпанија, војската на терен

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    19/10/2026

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    19/10/2026

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.