Мировните преговори меѓу Соединетите Американски Држави и Иран треба да започнат денеска во Исламабад.
Според најновите информации, во земјата пристигнал и американскиот тим, предводен од потпретседателот Џеј Ди Венс, јавува Скај њуз
Иранската делегација веќе е пристигна во Пакистан, а ја предводат претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф и министерот за надворешни работи Абас Аракчи. Наскоро тие треба да се сретне со премиерот на Пакистан, Шехбаз Шариф, објави иранската агенција Тасним, која е блиска до Иранската револуционерна гарда.
Иранскиот преговарачки тим синоќа веќе се сретнал со командантот на пакистанската војска, Асим Мунир, во рамки на подготовките за мировните разговори.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
