„Во време кога во буџетот недостигаат 2 милијарди евра зад грбот на народот, власта спроведува грабеж преку криминални тендери, се вели во денешното соопштението од СДСМ.
Од партијата реагираат за 161 тендер доделени на една фирма, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО_ДПМНЕ преку општините, 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени и 1,2 милион евра за фирма блиска до ЗНАМ преку „Пошта“.
„Милионски суми, огромен број тендери, само за едни исти омилени фирми. Украденото мора да се врати кај народот. А за тоа да се случи, мора да има одговорност за криминалните тендери. Одговорноста треба да почне од тендер-коалицијата ВМРО ДПМНЕ – ЗНАМ, реагираат од СДСМ.
Според нив, нема борба против криминалот и корупцијата, без одговорност на главниот во врвот на власта.







