Од СДСМ реагираат дека ВМРО-ДПМНЕ неосновано предупредува за загуба од
4,2 милиони евра поради недонесувањето на Изборниот законик, додека, според нив, вистинската штета е многу поголема.
Партијата тврди дека поради, како што велат, политиката на изолација, Македонија останува без милијарди евра европски фондови и инвестиции.
Како пример ги посочуваат Црна Гора, која обезбедила повеќе од 3,2 милијарди евра од ЕУ, и Хрватска, која со членството добила околу 10 милијарди евра.
Од СДСМ оценуваат дека ваквата политика ја лишува државата од развој и подобар
животен стандард.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
