„По одлуката да ги внесе Бугарите во Уставот, Христијан Мицкоски сега сфати дека мора да го апси и Никола Груевски за да си ја обезбеди власта. Со исполнувањето на овие два услови: внесување на Бугарите во Уставот и апсењето на Груевски – Мицкоски сака да си создаде подобра слика пред Европа и да се претстави како ‘човек кој е за ЕУ’“, велат од СДСМ.
За СДСМ се ова е само маска затоа што целта на ВМРО-ДПМНЕ е да ја продолжи својата власт и да си обезбеди уште време за непречена кражба.
Опозициската партија е убедена Мицкоски не сака да го апси Груевски затоа што сака правда, туку за да ја обезбеди својата власт и да ја продолжи кражбата.
„Граѓаните кои сè уште му веруват треба да знаат: Мицкоски не е нивен заштитник. Тој е човекот кој е подготвен да го жртвува и Груевски за да ја задржи фотелјата“, соопштија од СДСМ.
