И денеска СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се допишуваа преку соопштенија. Опозиционерите посочија дека премиерот Христијан Мицкоски имал скапи часовници.
„Мицкоски има колекција од часовници вредни 60.000 евра. Во Македонија минималната плата изнесува 396 евра, што значи дека часовниците на Мицкоски чинат колку 150 минимални плати,” напишаа од СДСМ.
На ова веднаш врати ВМРО-ДПМНЕ. Тие напишаа дека не е никаква тајна дека Мицкоски пред да влезе во политиката има работено во бизнис – секторот во делот на енергетиката, соработувал со познати светски фирми има добро заработено.
„Од друга страна, пак, ги имаме Филипче и Заев, едниот хирург, другиот земјоделец од Муртино, кои пред да влезат во политиката се никој и ништо, а по нивното владеење или сè уште активно појавување во политиката, добија куќи во Нерези, станови и згради во Дубаи, акции во индиски авиокомпании и случно,” стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
