Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Сали Бериша не штедеше зборови со осуда кон Владата на Еди Рама
    Свет

    Сали Бериша не штедеше зборови со осуда кон Владата на Еди Рама

    18/11/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Под мотото „Протестирам, за семејството, за економијата, за демократијата”, пред зградата на владата во Тирана, албанската опозиција синоќа го одржа првиот, од серијата најавени протести, за, како што рекоа, “уривање на нарко режимот”.

    Прв говорник, пред поголем број присутни беше лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, кој не поштеди зборови на осуда кон владата и премиерот Еди Рама.
    „Денеска сме пред зградата на државниот криминал насочен против албанската држава. Пред зградата на човечкиот криминал врз Албанците, кој ги протера од Албанија во годините на власт, повеќе од кој било дивјачки освојувач во целата национална историја“, обвини Бериша алудирајќи на премиерот Еди Рама.

    Според него, за време на владеењето на Рама земјата била вратена 100 години назад и оти на парламентарните избори, кои биле фарса, гласовите се купувале со евра стекнати од дрога.
    „Граѓаните се соочија со сите финансиски, човечки и сеопфатни ресурси на мафијашката држава, на нарко-државата. Нема недела што го претставува или прикажува појасно омразеното лице на албанската нарко-држава,“ рече Бериша
    Денешниот протест, додаде тој, е „парламентарно-граѓанска говорница“ од која се бара “оставка од премиерот, како чекор кон создавање техничка влада и одржување слободни избори“.

    Бериша се задржа и на неодамна усвоениот закон за родова еднаквост велејќи дека албанското семејство ќе остане најсветата институција на секој Албанец и дека ДП никогаш нема да го прифати овој срамен закон.
    „Не заборавајте дека Парламентот со молскавична брзина го гласаше законот на Џорџ Сорос, законот за уништување на традиционалното албанско семејство. Законот со кој претседателот Доналд Трамп се соочи со 35 обвиненија и беше казнет со стотици милиони евра. Тој закон беше изгласан од Парламентот. Албанците нема да го прифатат тој закон,“ порача Бериша.

    На протестот зборуваа и неколку пратеници од ДП кои рекоа дека “набрзо во затворската ќелија на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, ќе му се придружат премиерот Рама и вицепремиерката Белинда Балуку која е под истрага од СПАК”.

    Протестот мина мирно, но иако беше најавено дека ќе трае два часа заврши половина час порано, со многу помала присутност споредено со поранешните протести на опозицијата.

    Поврзани вести:

    Кос: Црна Гора бележи најголем напредок во пристапувањето кон Европската Унија

    Кос: Црна Гора бележи најголем напредок во пристапувањето кон Европската Унија

    Цената на нафтата под 108 долари, инвеститорите внимателно ги следат ризиците на Блискиот Исток

    Цената на нафтата под 108 долари, инвеститорите внимателно ги следат ризиците на Блискиот Исток

    Едно лице загина во напад врз аеродром во Саудиска Арабија, повредени осум лица

    Едно лице загина во напад врз аеродром во Саудиска Арабија, повредени осум лица

    АФД предлага радикални промени во Европската Унија и поголеми овластувања за националните држави

    АФД предлага радикални промени во Европската Унија и поголеми овластувања за националните држави

    Франција со засилени мерки за безбедност пред најавените протести на „Жолтите елеци“

    Франција со засилени мерки за безбедност пред најавените протести на „Жолтите елеци“

    Нигерија потврди случај на ебола, се шири загриженоста во регионот

    Нигерија потврди случај на ебола, се шири загриженоста во регионот

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Кос: Црна Гора бележи најголем напредок во пристапувањето кон Европската Унија

    22/10/2026

    Цената на нафтата под 108 долари, инвеститорите внимателно ги следат ризиците на Блискиот Исток

    22/10/2026

    Едно лице загина во напад врз аеродром во Саудиска Арабија, повредени осум лица

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.