Американската војска воспоставила поморски коридор низ Ормускиот Теснец, преку кој и покрај војната со Иран секојдневно се извезуваат милиони барели нафта од Персискиот Залив.
Операцијата трае веќе неколку недели, а секоја ноќ по јужната рута покрај Оман организирано минуваат меѓу 15 и 20 танкери, со околу 10 милиони барели нафта дневно.
Американски борбени авиони го обезбедуваат коридорот од можни напади со дронови и ракети, додека во понеделникот биле соборени осум ирански дронови и два крстосувачки проектила.
Американски претставници тврдат дека веќе два месеца ја контролираат јужната рута низ теснецот и дека Иранската револуционерна гарда повеќе нема контрола врз овој дел од пловниот пат.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
