Воената команда на САД соопшти дека во војната со Иран ја исполнува целта „да се елиминира способноста на Иран значително да проектира моќ надвор од своите граници”.
Објавија дека погодиле повеќе од 10.000 воени цели, ја совладале иранската противвоздушна одбрана, уништиле 92 проценти од најголемите пловила на иранската морнарица, како и дека лансирањата на дронови и ракети се намалени за над 90 проценти.
Изненадувачкото е што Иран и понатаму продолжува со силен интензитет да изведува напади со дронови и ракети врз Израел и врз американски цели во регионот. Покрај ова Иран се уште има целосна контрола врз Ормутскиот теснец.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
